Трамп го покани Косово да биде дел од Одборот за мир во Газа

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска објави дека добила лична покана од американскиот лидер Доналд Трамп да ја претставува земјата во Комитетот за мир, „како членка-основач“.

 EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Се очекува комитетот да го надгледува управувањето со Појасот Газа откако САД посредуваа во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, палестинска група која Вашингтон и Европската унија ја сметаат за терористичка организација.

„Храброто лидерство не само што зборува за мир, туку го гради. Токму тоа го прави претседателот Трамп преку оваа историска иницијатива“, напиша Османи на социјалните мрежи, објавувајќи ја поканата испратена од Трамп.

Таа додава дека САД донеле мир во Косово и дека Косово сега „цврсто стои како американски сојузник, подготвено за понатамошно промовирање на мирот“.

 

 

Back to top button
Close