Трамп го запре снабдувањето на лекови за ХИВ, маларија и туберкулоза во сиромашни земји

Администрацијата на Трамп го запре снабдувањето со витални лекови против ХИВ, маларија и туберкулоза во земјите поддржани од американската агенција за помош (УСАИД).

Овој потег е дел од поширокото замрзнување на американската помош и финансирање што Трамп ги нареди по преземањето на функцијата и ќе трае додека не се разгледа програмата.

Еден таков меморандум беше испратен до Chemonics, голема американска консултантска фирма која работи со УСАИД за снабдување со лекови за голем број болести ширум светот.

Меморандумот ги опфаќа активностите на компанијата во снабдувањето со лекови против ХИВ, маларија и туберкулоза, како и средства за контрацепција и за здравјето на мајките и децата, изјави извор од УСАИД и поранешен функционер на УСАИД.

„Ова е катастрофално“, рече Атул Гаванде, поранешен шеф за глобално здравство во УСАИД, кој ја напушти агенцијата овој месец. „Донираните резерви на лекови одржуваат живи 20 милиони луѓе кои живеат со ХИВ. Тоа завршува денеска“, предупреди тој. (Ројтерс)

Back to top button
Close