Трамп и воведе царини на Македонија од 15 отсто
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увозот од десетици трговски партнери на САД, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван и им даде нов рок од седум дена за постигнување трговски договор.

Македонија се најде во најголемата група земји на кои им се воведени царини од 15%, заедно со Исланд, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Турција, Венецуела и други.
Полошо поминаа Србија и БиХ, кои добија царини од 35%, односно од 30%.
Трамп ги зголеми царините за Канада на 35% откако помина рокот за постигнување трговски договор, Бразил доби 50%, Индија 25%, а Швајцарија 39%.
Според извршната наредба на Трамп, новите царини од 10% до 41% за 69 држави ќе почнат да важат за седум дена. Некои од нив постигнаа договори за намалување на царините, други немаа можност да преговараат со администрацијата на Трамп.
Стоките од сите други земји кои не се наведени во извршната наредба ќе се царинат со 10%.
Кина не се соочи со нови царини зашто е среде трговски преговори со САД, додека Трамп претходно склучи договор со Европска Унија со царини од 15%.
„Некои трговски партнери, и покрај тоа што почнале преговори, понудиле услови кои според мое мислење не ги решаваат доволно нерамнотежите во нашите трговски односи или не успеале доволно да се усогласат со САД по економски и безбедносни прашања“, стои во наредбата на Трамп.
Претходно, објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување,