Трамп: Имав право дека вирусот доаѓа од кинеска лабораторија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бара 10.000 милијарди долари оштета од Кина за нејзината улога во пандемијата на коронавирус.

Воедно, тој го повика имунологот Ентони Фаучи да објасни точно колку информации знае за работата во Институтот за вирусологија во Вухан.

Трамп го исмејувал својот научен советник за пандемија, тврдејќи дека спасил стотици илјади животи со тоа што се спротивставил на упатствата на Фаучи за затворање на границите, развој на вакцините и носење маски.

-Сега сите, дури и таканаречените„непријатели“, ќе почнат да кажуваат дека претседателот Трамп бил во право во врска со кинескиот вирус што доаѓа од лабораторијата во Вухан – рекол тој.

Back to top button
Close