Трамп: Иран има уште една шанса за нуклеарен договор
Претседателот на САД Доналд Трамп, во интервју за телевизијата Ен-Би-Си Њуз изјави дека Иран пропуштил можност да склучи договор за својата нуклеарна програма со САД, но дека сега има уште една шанса да го стори тоа.
– Тие пропуштија можност да склучат договор. Сега можеби ќе имаат уште една шанса. Ќе видиме, рече Трамп. Тој додаде дека ирански официјални лица веќе го контактирале телефонски, изразувајќи желба за постигнување договор.
Во телефонско интервју за Ројтерс, како што пренесува БТА, Трамп изјави дека не е сигурен дали Иран сè уште има нуклеарна програма по израелските напади врз земјата утрово, но потврди дека планираните преговори со претставници на Техеран во Оман во недела не се откажани. Тој нагласи дека не стравува од можност од регионална војна по израелските удари.
Претходно, во интервју за „Волстрит џрнл“, Трамп откри дека знаеле за плановите на Израел. Трамп ги опиша нападите како „многу успешна операција, благо кажано“, додека Нетанјаху потврди дека САД биле однапред известени за акцијата.