Трамп: Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини

Американски0т претседател Држави, Доналд Трамп порача денеска дека не би било соодветно иранската фудбалска репрезентација да настапи на претстојното Светското првенство од безбедносни причини.

„Иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но навистина не верувам дека би било соодветно тие да бидат тука поради нивните животи и безбедност“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Оваа порака се разликува од онаа што му ја пренесе на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој во вторникот изјави оти Трамп го уверил дека иранските фудбалери ќе бидат добредојдени на Светското првенство, кое ова лето заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико.

Официјален претставник на Белата куќа, кој инсистираше на анонимност, ја потврди пораката на Трамп до Инфантино во врска со учеството на Иран на мундијалскиот турнир од 11 јуни до 19 јули.

Белата куќа денеска не ги појасни зборовите на Трамп „за нивните животи и безбедност“.

Претходно, иранските власти објавија дека не е можно националниот тим да учествува на Светското првенство.

Иран треба да игра во Инглвуд против Нов Зеланд на 15 јуни и против Белгија на 21 јуни, а групната фаза да ја заврши против Египет на 26 јуни во Сиетл.

Израел и САД го нападнаа Иран пред 12 денови и поради војната што се прошири на Блискиот Исток, можни се откажувања и одложувања на бројни спортски натпревари.

Back to top button
Close