Трамп изјави дека може да отиде во Турција утре за преговорите меѓу Русија и Украина „доколку е тоа соодветно
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека може да отиде во Турција утре за преговорите меѓу Русија и Украина, „доколку е тоа соодветно“.

„Размислував да одам, но тоа е многу тешко… Ако нешто се случи, ќе одам во петок доколку е тоа соодветно“, рече Трамп на деловниот појадок во Доха на турнејата низ Заливот.
Се очекува разговорите да започнат денеска во палатата Долмабахче во турската метропола Истанбул.
Трамп моментално е во посета на Катар, откако беше во Саудиска Арабија, а треба да ги посети и Обединетите Арапски Емирати