Трамп: Израел да не го напаѓа Иран, договорот за нуклеарната програма е на повидок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел не треба да изврши напад врз Иран бидејќи договорот за иранската нуклеарна програма е блиску до постигнување.

– Многу сме блиску до добар договор, изјави Трамп, додавајќи дека не сака Израел да се меша, бидејќи тоа би можело да ја уништи можноста за договор.

Трамп предупреди дека доколку не се постигне нуклеарен договор, тоа би можело да доведе до масовен конфликт на Блискиот Исток. Тој повика Иран да се согласи на договор.

– Иран ќе мора да преговара малку поенергично, во смисла дека ќе треба да ни понудат нешто што засега не се подготвени да го дадат, изјави Трамп.

На новинарско прашање дали Израел би можел да нападне, Трамп одговори дека такво нешто е можно.

– Не сакам да кажам дека тоа е нешто што ќе се случи веднаш, но изгледа дека е нешто што реално може да се случи, рече тој.

Трамп додаде дека би сакал да се избегне конфликт со Иран

Back to top button
Close