Трамп: Лудо е ова што му го прават на Биби! Тој е воен херој, нема да го толерираме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше обвинителите во Израел во емисијата „Truth Social“ во врска со судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Вашингтон, „кој му дал на Израел милијарди долари помош“ нема да го толерира тоа.

Нетанјаху, за потсетување, беше обвинет во Израел во 2019 година за поткуп, измама и кршење на довербата – што тој го негира. Судењето започна во 2020 година и вклучува три кривични случаи.

Во петокот, судот го отфрли барањето на адвокатите на Нетанјаху да го одложат неговото сведочење за уште две недели поради дипломатски и безбедносни проблеми по 12-дневниот конфликт меѓу Израел и Иран овој месец.

Нетанјаху треба да сведочи за време на вкрстеното испрашување утре.

Извор: 4news.mk

Back to top button
Close