Трамп: Маск наскоро тргнува по двајцата астронаути кои администрацијата на Бајден ги заборави на МВС

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Илон Маск и Спејс Икс да „одат“ по двајца астронаути кои беа „напуштени во вселената од администрацијата на Бајден“.

Астронаутите на НАСА, Бери Вилмор и Сунита Вилијамс пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) на 6 јуни минатата година. Мисијата требаше да трае една недела, но речиси осум месеци подоцна, Вилмор и Вилијамс се уште се во вселената поради проблеми со капсулата Старлајнер на Боинг.

По лансирањето од вселенскиот центар Кејп Канаверал во Флорида, леталото успеа да се приклучи на ИСС само при вториот обид поради проблеми со моторот. Покрај тоа, леталото претрпе истекување на хелиум. „Старлајнер“ се врати на Земјата без екипаж на почетокот на септември, слетувајќи во пустината во Ново Мексико.

НАСА првично најави дека двајцата астронаути треба да се вратат на Земјата во февруари оваа година, но неодамна дојде до одложување на спроведувањето на тој план.

Трамп се огласи на својата социјална мрежа Трут сошл. „Само што ги замолив Елон Маск и Спејс Икс да одат по двајца храбри астронаути кои администрацијата на Бајден практично ги напушти во вселената. Тие чекаа со месеци. Илон наскоро ќе замине. Се надеваме дека сè ќе биде безбедно. Среќно Илон!!! напиша тој. паг/

 

Back to top button
Close