Трамп: Можеби наскоро ќе го прогласам Ормускиот Tеснец за американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наскоро би можел да го прогласи Ормускиот Теснец за „територија на Соединетите Американски Држави“, тврдејќи дека САД имаат целосна воена контрола врз тој стратешки важен воден пат за време на војната со Иран, објави „Фокс њуз“.

-Откако ќе завршиме со Иран, кој беше многу лошо поразен, многу наскоро би можел да го прогласам Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави – рече Трамп за време на говорот во Центарот за обука и разузнавање „Дејвид С. Мек“ во американската држава Њујорк.

Американскиот претседател, исто така, рече дека ја користел војската „малку повеќе отколку што сакал“, но процени дека притисокот врз Техеран е неопходен за да се спречи иранскиот режим да добие нуклеарно оружје.

Back to top button
Close