Трамп најави блокада на Ормускиот теснец

По неуспешните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, американскиот претседател Доналд Трамп најави блокада на Ормускиот теснец и упати остри обвинувања кон Техеран поради нуклеарната програма.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп наведе дека разговорите завршиле без договор за клучното прашање – нуклеарната програма на Иран. Тој најави дека американската морнарица ќе започне со процес на блокада на сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од теснецот.

Трамп истакна дека наредил пресретнување на бродови кои плаќаат такси на Иран и најави отстранување на мини од поморскиот премин, предупредувајќи на силен одговор доколку дојде до напади.

Во втора објава, тој го обвини Иран дека не го исполнил ветувањето за отворање на теснецот, додавајќи дека и покрај долготрајните разговори, Техеран останал цврст во својата позиција.

Трамп ја повтори и својата долгогодишна порака дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје, нагласувајќи дека блокадата наскоро ќе започне и дека во неа ќе се вклучат и други земји, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close