Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон


Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денеска вети дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон, иако таа беше укината во 1981 година.

– Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна. А тоа е силно средство за одвраќање, рече Трамп за време на состанокот на својот кабинет во Белата куќа.

Неговата администрација ќе може да бара смртна казна за убиства на федерално ниво, но не и во локални случаи.

Трамп е поддржувач на смртната казна, а се смета дека би можел да ги измени важечките закони во Вашингтон, кој ужива посебен статус и чии работи ги надгледува Конгресот.

Конгресот во 1992 година наметна референдум за повторно воведување на смртната казна во Вашингтон по убиството на еден негов помошник, што две третини од тој дом го отфрлија.

Трамп на почетокот на својот втор мандат потпиша извршна наредба со која повика на проширување на употребата на смртната казна за најтешките злосторства и им наложи на сојузните обвинители почесто да поднесуваат такви обвиненија.

Смртната казна е укината во 23 сојузни држави на САД, а три воведоа мораториум на неа.

Три сојузни држави – Аризона, Охајо и Тенеси – ја суспендираа смртната казна, но и најавија намера повторно да ја воспостават.

Back to top button
Close