Трамп на прес по средбата со Путин: Имавме многу продуктивен состанок

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференција по средбата со рускиот шпеф на државата Владимир Путин нагласи дека имале многу продуктивен состанок.

„Верувам дека имавме многу продуктивен состанок. Имаше многу, многу точки за кои се согласивме… Нема договор додека нема договор. Би рекол неколку големи точки, но сè уште не сме баш таму, постигнавме напредок…. Секако ќе го повикам претседателот Зеленски и ќе му кажам за денешниот состанок… Навистина постигнавме голем напредок“.

„Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“, му се обрати тој на рускиот претседател.

„Следниот пат во Москва“, одговори Путин.

Трамп вели „тоа е интересно“ и додава „Ќе добијам малку критика за тоа, но би можел да видам дека е можно да се случи“.

Back to top button
Close