Трамп на средба со Нетанјаху: Постигнат голем напредок во петминутен разговор

Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху започна денеска кратко по 20 часот по централноевропско време, во имотот на Трамп Мар-а-Лаго во американската држава Флорида.

Трамп им рече на новинарите дека веќе е постигнат „голем напредок“ на самиот почеток од разговорот, објави Си-Ен-Ен.

„Веќе постигнавме голем напредок. Имавме средба од околу пет минути и веќе решивме најмалку три прашања“, им рече американскиот претседател на новинарите во отворениот дел од средбата.

Претходно, Трамп објави дека ќе разговара за „пет главни теми“ со Нетанјаху, вклучувајќи ја и Газа, за време на нивниот состанок во Јужна Флорида.

Back to top button
Close