Трамп нареди целосна блокaда на санкционираните танкери што превезуваат венецуелска нафта

Владата на Венецуела во реакција на објавата на Трамп соопшти дека ја отфрла наредбата за блокада на танкерите, оценувајќи ја како „гротескна закана“, објави Ројтерс

 EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди „тотална и целосна“ блокада на сите санкционирани танкери со нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела, дополнително зголемувајќи го притисокот врз оваа латиноамериканска земја и нејзиниот авторитарен лидер, Николас Мадуро, пренесуваат светските медиуми

Потегот, како што пишува „Гардијан“, доаѓа во време на ескалација на кампањата на администрацијата на Трамп против Мадуро, која вклучува зголемено воено присуство во регионот, како и напади врз бродови во Карипското Море и Тихиот Океан во близина на Венецуела во кои загинаа десетици луѓе.

Минатата недела, американската војска заплени танкер со нафта во близина на брегот на Венецуела, а кој пловеше во реонот на Карибите. Според информациите на „Њујорк тајмс“, танкерот бил натоварен со два милиони барели сурова нафта од Венецуела. Владата во Каракас веднаш ги обвини САД дека извршиле „бесрамна кражба“ и го оцени запленувањето на танкерот како чин на „пиратство“,

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, во објавата на социјалните мрежи, во која информираше за блокдата, ја обвини Венецуела дека ги користи средствата до проджаба на нафта за финансирање на трговијата со дрога и други злосторства.

Дополнително, Трамп најави дека ќе го засили военото во Карипското Море во близина на бреготг на Венецуела.

„Венецуела е целосно опкружена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка. Таа ќе станува сè поголема, и тоа за нив ќе биде нешто што досега не го виделе…Денес наредувам тотална и целосна блокада на сите санционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела“напиша американскиот претседател на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social).

Она што засега останува нејасно, е како администрацијата на Трамп ќе ја спроведе блокадата врз санкционираните бродови и дали за тоа ќе биде задолжена крајбрежната страна на САД, како што беше случај досега.

За потестување, САД неодамна преместија илјадници војници и речиси десетина воени бродови – вклучувајќи и носач на авиони во регионот на Карибите.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, говорејќи на настан пред објавата на Трамп, ги обвини САД дека сакаат да ја колонизираат земјата и да ѝ ја украдат нафтата.

„Империјализмот и фашистичката десница сакаат да ја колонизираат Венецуела за да го преземат нејзиното богатство од нафта, гас, злато и други минерали. Апсолутно се заколнавме дека ќе ја браниме нашата татковина. Мирот ќе триумфира во Венецуела“,рече тој

Владата на Венецуела во реакција на објавата на Трамп соопшти дека ја отфрла наредбата за блокада на танкерите, оценувајќи ја како „гротескна закана“, објави Ројтерс.

„Претседателот на Соединетите Американски Држави има намера да воведе, на сосема ирационален начин, наводна поморска блокада врз Венецуела со цел да ги украде богатствата што ѝ припаѓаат на нашата татковина“се вели во соопштението на владата во Каракас.

Критики за одлуката на Трамп има и во Соединетите Американски Држави.

Конгресмен од Тексас, Хоакин Кастро, кој доаѓа од редовите на демократите, ја нарече блокадата „несомнен чин на војна“ што Конгресот никогаш не ја одборил и американскиот народ не ја сака.

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, вели Трамп

Нафтените компании велат дека цените на пазарот на „црното злато“ почнуваат да растат во исчекување на намалување на извозот на овој енергенс од Венецуела. Сепак, како што пренесуваат медиумите, сè уште се чека да се види како САД ќе ја спроведат блокадата и дали таа ќе се прошири и бродови за кои не се воведени санкции.

Додека многу бродови што товарат нафта во Венецуела се најдоа под американско ембарго, други танкери што транспортираат нафта од земјата, но и од Иран и Русија засега не се санкционирани. Некои нафтени компани, особено американскиот „Шеврон“, транспортираат венецуелска нафта со свои овластени бродови.

Засега, пазарот на нафта, како што пишува „Гардијан“ е добро снабден и има милиони барели нафта на танкери покрај брегот на Кина кои чекаат да се истоварат. Доколку ембаргото остане на сила некое време, тогаш загубата од речиси еден милион барели дневно сурова нафта веројатно предзвика зголемување на нејзината цена на светските пазари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close