Трамп нема да ја фрла топката на бејзбол мечот меѓу „Јенки“ „Ред сокс“ во Њујорк

Американскиот претседателот Доналд Трамп, нема да го направи првото церемонијално фрлање на топката на стадионот „Јенки“ во Њујорк на 15 август кога е планиран мечoт меѓу „Њујорк јенкис“ и „Бостон ред сокс“.

Поради короноавирусот, мечот ќе се одигра пред празен стадион.

Фрлањето на бејзбол топката на стадионот на „Јенкис“ во Њујорк е дел од спортската традиција во САД на која досега учествуваа најверојатно сите повоени претседатели.

Како што синоќа напиша Трамп на Твитер, „зголеменото внимание“ кон коронавирусот, вакцината и економијата го натерало да ја смени одлуката.

-Ќе го направиме тоа подоцна во оваа сезона, напиша тој.

На брифингот во Белата куќа во четвртокот, Трамп изјави дека на мечот меѓу „Јенкис“ и „Ред сокс“од Главната бејзбол лига (МБЛ), тој ќе присуствува за да го направи првото префрлање.

МБЛ почна мината недела и сите натпревари се играат пред празни стадиони.

Претседателот се обидува да се претстави пред избирачите дека е сериозен околу вирусот, со тоа што, по неколку неделна пауза во јуни и јули, почна редово да се појавува на прес брифинзи, и со тоа што го откажа одржувањето на настаните по повод  конгресот на Републикнската партија кои требаше да се одржат во Џексонвил, Флорида.

Моментално, Флорида е еден од неколкуте жаришта на епидемијата во САД. 

Back to top button
Close