Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху „понекогаш е тежок“, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп, пречекувајќи го израелскиот премиер во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида.

 

Двајцата заедно рекоа дека радикалната палестинска група Хамас, чиј напад на израелска територија на 7 октомври 2023 година ја започна двегодишната војна во Појасот Газа, мора да се разоружа.

 

Трамп додаде дека се надева оти втората фаза од неговиот мировен план за енклавата ќе стапи на сила „многу брзо“.

Back to top button
Close