Трамп незадоволен од својата фотографија на насловната страница на „Тајм“: „Ми исчезна косата“

Доналд Трамп се појави на насловната страница на списанието „Тајм“, кое го поздрави „неговиот триумф“ по примирјето меѓу Израел и Хамас, но американскиот претседател изрази незадоволство од неговата фотографија.

Американскиот претседател е на насловната страница на познато американско списание со фотографија одблизу од „жабја“ перспектива. Фотографијата не е по вкусот на милијардерот, загрижен за својот јавен имиџ.

„Списанието „Тајм“ објави прилично добра статија за мене, но фотографијата можеби е најлошата досега“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

„Косата ми „исчезна“, а потоа додаle нешто како лебдечка круна над главата, но екстремно мала. Навистина чудно! Никогаш не ми се допаѓаше да бидам фотографиран од таа перспектива, но ова е многу лоша фотографија и мора да се каже. Што прават и зошто?“, додаде Трамп во објавата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close