Трамп нуди по еден милион долари за секој жител на Гренланд? Би потрошил вкупно 58 милијарди долари

Додека од Белата куќа пристигнуваат информации дека американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за купување на Гренланд, данските медиуми паралелно пренесуваат изјави на официјални лица дека данската територија не е на продажба, како и шпекулации за евентуалната цена на најголемиот остров во светот.

Аналитичари на холандската финансиска група Рабобанк излегоа со аргументирана проценка дека САД би можеле да понудат околу 50 милијарди долари за Гренланд, односно приближно еден милион долари за секој од околу 50.000 жители на островот, пренесува данскиот портал БТ.

„Иако директно американско воено преземање изгледа малку веројатно, дипломатските маневри се сосема друга работа. Пристапот на Трамп често се опишува како ‘премногу стап, премалку морков’. Во случајот со Гренланд, можно е да видиме повеќе морков“, се наведува во анализата на Рабобанк.

Иако речиси никој од коментаторите не смета дека ваква трансакција е реална, мнозинството оценува дека ваквата понуда тешко би оставила некого рамнодушен. Дополнително, данскиот устав и законите предвидуваат можност за осамостојување на Гренланд.

Back to top button
Close