Трамп: Објаснете му на „гувернерот“ Трудо дека САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини за канадските царини
– Американскиот претседател Доналд Трамп му порача денеска на канадскиот премиер Џастин Трудо дека САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини кога Канада ќе воведе возвратни тарифи за американски стоки откако стапија во сила американските царини од 25 отсто за увоз на стоки од Канада во САД.
Трамп тоа го порача во објава на неговата платформа Truth Social, нарекувајќи го Трудо „гувернер на Канада“.
„Ве молам објаснете му на гувернерот на Канада, Трудо, дека кога ќе воведе контрацарини на САД, нашите царини веднаш ќе се зголемат за истиот износ!“, напиша Трамп.
Трудо денеска пред канадскиот Парламент рече дека Канада веднаш ќе почне да применува царини за стока од САД во вредност од 30 милијарди долари