Трамп објави скриншот од страница на која се тврди дека тој е претседател на Венецуела
Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да бидат судени пред суд во Њујорк по обвиненија поврзани со дрога и оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл објави скриншот од страница на која е наведено дека тој е 45. и 47. претседател на Соединетите Американски Држави, но и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.
Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да бидат судени пред суд во Њујорк по обвиненија поврзани со дрога и оружје.
Трамп објави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и со нејзините нафтени ресурси за време на транзицискиот период. Откако Мадуро беше уапсен, неговата потпретседателка Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка.
Трамп претходно предупреди дека Родригез може да плати многу висока цена ако не соработува со САД






