Трамп: Очекувам значајни достигнувања од Самитот на НАТО во Хаг
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува значајни достигнувања од Самитот на НАТО, што започна денеска во Хаг.
„Одам на (самитот) на НАТО, каде што, во најлош случај, ќе биде многу помирен период од оној низ кој штотуку поминав со Израел и Иран“, рече Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.
Тој додаде дека со нетрпение очекува да се сретне со сите свои „многу добри европски пријатели и други“.
„Се надевам дека многу од тоа ќе се постигне“, нагласи Трамп.