Трамп: Од 1 август се воведуваат царини од 25 проценти за Јапонија и Јужна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнувајќи од 1 август, ќе бидат воведени царини од 25 проценти за стоките од Јапонија и Јужна Кореја, објави денес Блумберг.
Царините за Јапонија и Јужна Кореја, објавени на платформата ТruthSocial, се во голема мера во согласност со она што тој претходно го најави за воведување царини за двете земји.
По 90-дневно одложување на таканаречените реципрочни царини, кои првично ја погодија Јапонија со 24 проценти, а Јужна Кореја со 25 проценти, Трамп ги намали тие царини на 10 проценти за да се овозможи време за преговори.
Во своите писма, Трамп ги предупреди земјите да не возвраќаат, велејќи дека САД ќе одговорат со нови царини.
„Ако од која било причина одлучите да ги зголемите царините, тогаш бројот за кој ќе ги зголемите ќе се додаде на 25-те проценти што ги наплаќаме“, рече Трамп.