Трамп: Постигнавме договор со Харвард, универзитетот ќе плати 500 милиони долари
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација постигнала договор со Харвардскиот универзитет по неколкумесечни преговори, според кој универзитетот ќе плати 500 милиони долари.
-Линда ги финализира последните детали, рече Трамп во Овалната соба, мислејќи на министерката за образование Линда Мекмеон.
Тој изјави дека Харвард ќе управува со трговски училишта и ќе обучува луѓе за примена на вештачка интелигенција и други технологии.
Универзитетот засега нема коментар за изјавата.
Администрацијата на Трамп претходно ги предупреди универзитетите дека може да изгубат федерални средства поради поддршка на пропалестински протести, климатски иницијативи и политики за разновидност и инклузивност. Трамп го обвини Харвард за толерирање на антисемитизам на демонстрации.
Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, предупреди дека мерките на администрацијата може да го чинат универзитетот речиси еден милијарда долари годишно. Во март, администрацијата најави ревизија на девет милијарди долари договори и грантови, а во април испрати предупредувачко писмо со закана дека ќе замрзне над 2,3 милијарди долари федерално финансирање.