Трамп потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд
Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат санкции за претставници на Меѓународниот кривичен суд за отворање истраги насочени кон САД и Израел.
Како што јави АФП, во наредбата на Трамп се наведува дека судот во Хаг „се ангажирал во нелегитимни и неосновани акции насочени против Америка и нашиот близок сојузник Израел“.
Во извршната наредба, потпишана од Трамп на 6 февруари, се наведува дека овие акции „поставуваат опасен преседан, директно загрозувајќи го сегашниот и поранешниот американски персонал“, вклучително и членовите на американската војска.
Наредбата се однесува на налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неговите постапки против Палестинците во Газа и неодамнешните судски дејствија кои ги загрозуваат членовите на американската војска