Трамп потпиша указ за рекласифицирање на марихуаната како помалку опасна супстанција

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба за рекласифицирање на марихуаната како помалку опасна супстанција.
Со тоа марихуаната од нејзината сегашна класификација како наркотик од Список 1,каде се вклучени наркотиците како хероин и ЛСД, ќе биде на Список 3, заедно со супстанции како кетамин и некои анаболни стероиди.
Указот не значи дека марихуаната ќе биде легална за рекреативна употреба, но би можел да го промени начинот на кој е регулирана и да го намали значителното даночно оптоварување за индустријата за канабис.
Голем број американски сојузни држави веќе ја легализираа рекреативната употреба на марихуана за возрасни или дозволуваат употреба за медицински цели. Сепак, федералниот закон останува построг, што значи дека луѓето сè уште можат да се соочат со федерално кривично гонење.
Анкетата на Галуп покажува дека повеќе Американци поддржуваат полиберален пристап. Поддршката за легализација на марихуаната се зголеми од само 36 проценти во 2005 година на 68 проценти минатата година.






