Трамп: Потпретседателката на Мадуро сака да соработува со САД

Американската администрација сака да соработува со потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, по соборувањето на лидерот на земјата, Николас Мадуро, пренесе ДПА.
– Тукушто разговарав со неа и таа во суштина е подготвена да го направи она што ние сметаме дека е неопходно за Венецуела повторно да биде голема, многу едноставно, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида.
Според венецуелскиот устав, потпретседателката Делси Родригез би ги презела владините должности во случај на отсуство на лидерот, до одржување на нови избори.
Како министерка за надворешни работи меѓу 2014 и 2017 година, Родригез го обликуваше конфронтирачкиот курс против Соединетите Држави, кој го продолжи и како потпретседателка, коментира ДПА.
Трамп на прес-конференцијата најави дека САД имаат намера да го преземат раководството во Венецуела на привремена основа.
– Таа имаше долг разговор со (американскиот државен секретар) Марко (Рубио) и рече: „Ќе направиме сè што ви треба“ … Мислам дека беше доста љубезна, но таа навистина нема избор, истакна Трамп.






