Трамп повторно ги повика Федералните резерви да ги намалат каматните стапки

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика американските Федерални резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки откако утрово беше објавен извештајот за вработеноста во април, кој беше подобар од очекуваното.

– Бензинот штотуку ја проби границата од 1,98 долари за галон, што е најниска цена во последните неколку години, цените на намирниците (и јајцата!) паднаа, цената на енергијата е во пад, каматните стапки на хипотеките паднаа, вработеноста е силна и уште многу добри вести, бидејќи милијарди долари пристигнуваат од царините, наведе Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој подвлече дека ова е „преодна фаза“ и дека „тукушто почнуваме“.

– Потрошувачите со години чекаат цените да паднат. Нема инфлација, ФЕД треба да ја намали својата каматна стапка, порача американскиот претседател

Back to top button
Close