Трамп повторно му се закани на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран дека ќе ја смета земјата за одговорна ако во Ирак загине и еден Американец.
Трамп на Твитер потсети дека американската Амбасада во Багдад била погодена од неколку ракети.
– Три ракети не беа лансирани. Погодете од каде се: од Иран. Сега слушаме приказни кои кружат за нови напади врз Американци во Ирак. Имам еден здрав, пријателски совет за Иран: Ако еден Американец настрада, ќе го сметам Иран за одговорен. Размислете за тоа, напиша Трамп.
Кон Зелената зона во ирачкиот главен град, каде што се наоѓа и американската Амбасада, во неделата беа истрелани осум ракети. Притоа загина еден ирачки цивил, а државниот секретар Мајк Помпео за нападот обвини проиранска шиитска група.