Трамп повторно навреди новинарка: Кејтлин Колин од CNN е „глупава и гадна“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска ја критикуваше новинарката на Си-Ен-Ен, Кејтлин Колинс, откако таа постави прашање за зголемените трошоци за новата балска сала во Белата куќа, нарекувајќи ја „глупава и одвратна“.

„Кејтлин Колинс од Си-Ен-Ен, секогаш глупава и одвратна, ме праша зошто новата балска сала чини повеќе отколку што првично беше проценето пред една година. Ѝ одговорив дека е затоа што ќе биде двојно поголема, а квалитетот на завршните работи и ентериерот е подигнат на највисоко ниво,“ напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social.

Американскиот претседател додаде дека проектот „всушност е под буџетот и пред предвидениот рок“, како и „сите други проекти“. Тој истакна дека целата инвестиција се финансира со приватни донации, а не со даночни средства на граѓаните. „Интересно е, и ретко се известува за тоа, дека не е употребен ниту еден долар од даночните обврзници. Проектот е целосно платен од приватни донации“, нагласи Трамп.

Трамп го критикуваше и Си-Ен-Ен, нарекувајќи го „лажни вести“ и обвинувајќи го за „корумпирана операција“, додавајќи дека гледаноста им е толку ниска што телевизијата веќе не е релевантна

Доналд Трамп и претходната недела навреди една американска новинарка откако му постави прашање за безбедносната проверка на авганистанските бегалци. „Дали си ти глупава личност?“ ја праша Трамп за време на обраќање од неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, пренесе New York Post.

Трамп го критикуваше и New York Times поради текст кој се фокусирал на неговите години и знаците на замор, нарекувајќи ја авторката на написот „новинарка од втора класа која е грда и однатре и однадвор“.

На почетокот од ноември, Трамп ја нарече и новинарката на Bloomberg „свиња“, а друга „ужасна личност.

Back to top button
Close