Трамп претстави план за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, Нетанјаху се согласи
Претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во Белата куќа изјавија дека се согласиле околу план за ставање крај на војната во Појасот Газа, но не е јасно дали тие услови ќе ги прифати другата страна – палестинскиот Хамас.
Трамп вечерва претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа.
На заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот, Трамп рече дека Израел ќе има „целосна поддршка“ од Вашингтон да преземе чекори за да го порази Хамас ако таа палестинска екстремистичка организација не го прифати предложениот мировен договор.
Планот на Трамп предвидува воспоставување привремен управен одбор со кој би раководел претседателот на САД, а во него би бил и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Со планот на Трамп не се бара Палестинците да ја напуштат Газа и се повикува на моментален прекин на војната ако двете страни го прифатат.
Се повикува и на ослободување на сите преостанати заложници што ги држи Хамас, во рок од 72 часа откако Израел ќе го прифати планот.
Трамп го повика палестинскиот народ да ја преземе одговорноста „за својата судбина“ и да го прифати неговиот мировен предлог.
– Мислам дека сме многу блиску. Не сме сосема готови. Мораме да се избориме со Хамас, рече Трамп на почетокот на заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот.
Нетанјаху изјави дека Израел „сам ќе ја заврши работата“ ако Хамас го одбие планот на Трамп или ако наводно го прифати, а потоа направи сè за да му се спротивстави.
– Ова може да се направи на полесен или на потежок начин, но ќе биде направено