Трамп размислува да го депортира Маск од САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја разгледа можноста за депортација на Елон Маск, најбогатиот човек во светот и извршен директор на Тесла и Спејс Екс, во услови на сè пожестока расправија меѓу двајцата некогаш најблиски соработници.
Дописничката на Дејли Меил, Емили Гудин, објави на Платформа Икс дека го прашала Трамп дали планира да го депортира Маск, на што претседателот одговорил: „Ќе мора да го разгледаме тоа“.
–
Подоцна, Трамп додаде: „Не знам. Ќе мора да видиме. Можеби ќе мора да испратиме DOGE kaj Елон. Знаете ли што е DOGE? DOGE е чудовиште кое можеби ќе мора да се врати и да го изеде Елон“.
Во последните денови, Трамп жестоко го нападна Маск поради неговата критика за сеопфатното намалување на даноците и законот за трошење, кој моментално го разгледува американскиот Сенат.
„Можеби треба да побараме од DOGE внимателно да ги разгледа субвенциите што ги добиле компаниите на Маск. Елон веројатно добил повеќе субвенции од кој било човек во историјата. Без субвенциите, Елон веројатно би морал да ја затвори компанијата и да се врати во Јужна Африка. Крај на ракетите, сателитите или електричните автомобили. Нашата земја би заштедила богатство!“, рече Трамп преку неговата платформа Truth Social.