Трамп, разочаран од Нетанјаху, ќе ги остварува своите цели на Блискиот Исток без Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп е разочаран од постапките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ќе преземе чекори за да ги постигне своите цели на Блискиот Исток, без да чека на Израел, објави денес израелскиот весник „Хајом“, повикувајќи се на свои извори.
Што се однесува до договорот со Саудиска Арабија, Трамп сака Израел да биде централен дел од договорот, но „Нетанјаху го одложува донесувањето на потребните одлуки“, пишува весникот.
Во написот се додава дека Трамп сè уште е „лут“ на Нетанјаху поради наводниот обид на Израел да ја принуди Белата куќа да преземе воена акција против нуклеарната програма на Иран.