Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од двете страни во војната во Украина — и од Русија, и од Украина.

„Многу сум разочаран од Русија, но исто така и од Украина, бидејќи мислам дека можеше да се постигне договор со кој ќе се ставеше крај на конфликтот што произлезе од руската инвазија“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Претходно Трамп неколкупати тврдеше дека доколку повторно стане претседател, ќе стави крај на војната „во рок од 24 часа“, но не даде конкретни детали како би го постигнал тоа.

Back to top button
Close