Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за ставање крј на војната, наведувајќи дека тој договор „веќе долго време се разработува“, како и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „многу ефикасен“ и „врши неверојатна работа“.
Зборувајќи пред новинарите на маргините на самитот на НАТО заедно со Зеленски, тој оцени дека Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин се „тешки карактери“, но и истакна дека и двајцата сакаат да ја завршат војната.
Коментирајќи ги украинските напади длабоко во руската територија, Трамп рече дека станува збор за ескалација која „може да помогне да заврши војната“. Според него, Зеленски сигурно сака да се врати на обнова на земјата, наместо на „смрт и разурнување“.
– А Русија е голема земја и голема сила – рече Трамп, оценувајќи дека во последните неколку недели е постигнат голем напредок кон мирот. Тој наведе дека Украина има огромен потенцијал во ретки земјени метали, како и дека САД „имаат свој влог“ во тоа.
Трамп изјави дека тој и Зеленски имале „добар состанок“, како и дека развиле добар однос.
– Тешко е да се поверува, зарем не? Од Овалната соба па до сега, развивме многу добар однос – рече Трамп, на што Зеленски додаде дека „тука не е крајот“, а Трамп одговори дека тоа е „само почеток“.
Трамп навести и дека Европа и Украина би можеле да добијат лиценци за производство на американските ракетни системи „Патриот






