Трамп: Русија ќе испорача повеќе милиони тони дизел за САД и светскиот пазар

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вечерва изјави дека во разговор со рускиот претседател Владимир Путин е договорена испорака на повеќе милиони тони дизел-гориво од Русија за американскиот и светскиот пазар, оценувајќи дека тоа ќе доведе до брз и значителен пад на цените на овој енергенс.
Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл наведе дека Русија веднаш ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел, уште 500.000 тони во текот на ноември, а потоа и еден милион тони во следниот период.
Според него, Русија, во зависност од состојбата на нејзините рафинерии, во краток рок би требало да испорача дополнителни три милиони тони дизел-гориво.
„Помеѓу нашата целосна контрола врз Ормуската Теснина и оваа голема најава за руските енергенси, цените на дизелот за Американците, но и за целиот свет, брзо и рекордно ќе паднат“, наведе Трамп.
Тој истакна дека еден од неговите главни приоритети е намалувањето на цените за американските граѓани, особено за земјоделците, сточарите и камионџиите






