Трамп: Се согласувам на прекин на огнот со Иран во период од две недели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по разговорите со раководството на Пакистан, се согласил на прекин на огнот меѓу САД и Иран во период од две недели.
„Се согласувам да го суспендирам бомбардирањето и нападот врз Иран во период од две недели“, рече Трамп, објави Би-Би-Си.

Ова, како што нагласи, ќе биде „билатерално примирје“.
„Добивме предлог од 10 точки од Иран и веруваме дека тоа е функционална основа за преговори“, рече американскиот претседател.
Тој додаде дека „скоро сите различни точки од минатите спорови се договорени меѓу САД и Иран“ и дека двонеделниот период ќе овозможи договорот да се финализира и консолидира.
„Во име на Соединетите Американски Држави, како претседател, а исто така и како претставник на земјите од Блискиот Исток, ми е чест што овој долгорочен проблем е блиску до решение. Ви благодарам за вашето внимание кон ова прашање!“, рече Трамп.

Back to top button
Close