Трамп се соочува со повеќемилионска казна поради обвинението за сeксуален напад

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп би можело да му наредат да плати парична казна од повеќе милиони долари во втората граѓанска тужба за  сексуален напад на авторката Е. Џин Керол пред неколку децении.

Изборот на поротата за второто судење ќе се одржи денеска во федералниот суд на Менхетен, јавува Ројтерс.

Трамп претходно изјави дека сака да присуствува и да сведочи на ова судење, за разлика од првото судење, кога не сакаше.

Минатиот мај, поротата му нареди на Трамп да и плати на Керол 5 милиони долари за сексуален напад во соблекувалната во стоковната куќа Бергдорф Гудман во Менхетен, што тој го нарече клевета и го негираше во 2022 година.

Во второто судење, поротата мора да одреди уште колку Трамп треба да плати за клевета во 2019 година, кога тој беше на функцијата претседател на САД.

Американскиот окружен судија Луис Каплан, кој претседаваше со случајот, му забрани на Трамп да тврди дека не ја клеветал или сексуално ја нападнал Керол или дека таа го измислила обвинението против него.

Во двата случаи, Трамп (77) тврдеше дека не ја познава Керол и дека таа ја измислила нивната средба за да ги продаде своите мемоари.

Керол (80) бара од Трамп да плати 10 милиони долари како компензаторна штета плус казнената отштета.

Back to top button
Close