Трамп се закани дека ако стане претседател ќе ги избрка Хари и Меган Маркл – Ја издале кралицата

Доналд Трамп сугерираше дека принцот Хари би можел да биде депортиран од САД под негово водство доколку се утврди дека војводата дал фалсификувани информации во формуларот за виза.

Поранешниот претседател (77) разговараше со ТВ презентерот Најџел Фараж на GB News каде што посочи дека кралското семејство нема да добие „специјални привилегии“. Хари, кој е во САД од 2020 година, живее во замок во Монтесито со девет спални со сопругата Меган Маркл и нивните две деца Арчи и Лилибет.

За време на интервјуто, кое целосно ќе се емитува на британската телевизија вечерва, Фараж го праша Трамп дали Хари треба да ужива „посебни привилегии“.

– Ќе треба да видиме дали знае нешто за дрогата и дали лажел на апликацијата, ќе треба да преземеме соодветни мерки – одговори Трамп.

Back to top button
Close