Трамп: Секоја земја која криумчари дрога во САД може да биде нападната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека секоја држава која криумчари наркотични средства во САД може да стане цел на напад.

– Секој што го прави тоа и продава во нашата земја е предмет на напад, рече Трамп пред новинарите за време на седница на кабинетот во Белата куќа, откако го отвори прашањето за шверцот на кокаин од Колумбија.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет претходно денеска изјави дека администрацијата ги поддржува одлуките на воените команданти во контекст на нападите врз сомнителни бродови за криумчарење дрога од Венецуела.

Хегсет, зборувајќи на седницата заедно со претседателот Трамп, посочи дека САД привремено ги прекинале нападите затоа што во моментов е тешко да се откријат бродови со дрога на отворено море. – Но нападите против наркокартелите ќе продолжат, нагласи тој.

Трамп денеска го водеше последниот состанок на својот кабинет за календарската година.

Back to top button
Close