Трамп со критика за Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека се чувствува „многу лошо“ поради израелскиот напад во Доха, нагласувајќи дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ на САД.

EPA-EFE/KENT NISHIMURA / POOL

„Сакам СИТЕ заложници и телата на загинатите да бидат веднаш ослободени, и оваа војна да заврши, СЕГА! По нападот, разговарав со премиерот Нетанјаху. Премиерот ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен инцидент може да послужи како можност за МИР“, напиша Трамп. Тој додаде дека разговарал и со емирот и премиерот на Катар и им се заблагодарил за нивната „поддршка и пријателство“ кон САД.

 

„Ги уверив дека нешто вакво нема да се случи повторно на нивна почва“, рече тој и додаде дека му наложил на американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, да го финализира „Договорот за соработка во одбраната“ со Катар.

 

Трамп нагласи дека одлуката за напад врз лидерите на Хамас во Доха не ја донел тој, туку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

 

„Бомбардирањето на суверена држава и близок американски сојузник, кој храбро презема ризици обидувајќи се да посредува за мир, не придонесува за целите на Израел или Америка“, рече тој. Сепак, додаде дека „елиминацијата на Хамас, кој профитира од несреќата на народот во Газа, е достојна цел“. Тој исто така рече дека веднаш откако дознал за израелскиот план за напад, му наредил на специјалниот американски пратеник Стив Виткоф да го извести Катар, но било предоцна да се спречи нападот.

На социјалната мрежа Truth, Трамп објави дека американската војска ја информирала неговата администрација за израелскиот напад.

Back to top button
Close