Трамп со нетрпение очекува средба со првиот американски папа


Претседателот на САД Доналд Трамп му честиташе на папата Лав Четиринаесетти по неговиот избор за поглавар на Римокатоличката црква и изјави дека е „голема чест да се дознае дека тој е првиот американски папа“.

Американскиот кардинал Роберт Превост, кој го одбра името Лав Четиринаесетти, е роден во Чикаго.

„Колкаво возбудување и голема чест за нашата земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со папата Лав Четиринаесетти. Тоа ќе биде многу значаен момент!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“

Back to top button
Close