Трамп со поддршка за Орбан и за Такаичи пред изборите во Унгарија и во Јапонија

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ги поддржа украинскиот премиер Виктор Орбан и неговата јапонска колешка Санае Такаичи. Поддршката од Трамп е пред изборите во Унгарија и во Јапонија.

– Односите помеѓу Унгарија и САД достигнаа ново ниво на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан, објави Трамп на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social).

Парламентарните избори во Унгарија се закажани на 12 април, а Орбан се соочува со најголемиот предизвик во неговото владеење откако партијата Фидес првпат победи на изборите во 2010 година. Според анкетите, опозициската централно-десничарска партија Тиса има поголем рејтинг од владејачката Фидес. Исто така резултатите од испитувањето на јавното мислење сугерираат дека ултрадесничарската партија Наша татковина може да освои пратенички места.

– Горд сум што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно, додаде Трамп.

Тој посочи и дека јапонската премиерка ја има неговата „целосна поддршка“ пред парламентарните избори што се закажани на 8 февруари.

– Премиерката Такаичи е некој што заслужува силно признание за работата што ја извршува таа и нејзината коалиција, посочи Трамп.

Во Јапонија се одржуваат предвремените парламентарни избори, а се очекува победа на Такаичи.

Back to top button
Close