Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Во тек на најновите случувања во војната во Украина, американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на итни мировни преговори меѓу Русија и Украина.

 EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALESHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Неговата објава на социјалната мрежа „The Truth“ доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин предложи одржување директни разговори во Истанбул на 15 мај, без претходно примирје, што предизвика мешани реакции од меѓународната заедница.

„Претседателот на Русија Путин, не сака да склучи договор за прекин на огнот со Украина, но сака да се сретне со нив во Турција во четврток за да преговара за завршување на крвопролевањето. Украина треба да се согласи веднаш. Барем ќе може да утврди дали договор е можен, а ако не е, тогаш европските челници и САД ќе знаат на што се и ќе можат понатаму да постапуваат согласно тоа. Се сомневам дека Украина ќе постигне договор со Путин, кој е премногу зафатен со славењето на Денот на победа во Втората светска војна, војна која не би била добиена без САД. Одржете го ТОЈ СОСТАНОК ВЕДНАШ!“, напиша Трамп.

 

Back to top button
Close