Трамп: Средба со Мадуро само за негово заминување од власта

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се осврна на својата претходна изјава дека ќе размисли за средба со претседателот на Венецуела Николас Мадуро, наведувајќи дека ќе се сретне со него само за да разговараат за негово заминување од власта.

Мојата администрација секогаш беше на страната на слободата и против угнетувачкиот режим на Мадуро. Со Мадуро би се сретнал само за да разговараме за една работа: мирно заминување од власта!“, напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Тој додаде дека секогаш ќе биде против социјализмот и со луѓето од Венецуела. 

Back to top button
Close