Трамп: Тестирањето за новиот коронавирус е „преценето“, не прави да изгледаме лошо

  Претседателот Трамп во интервју за Волстрит Џурнал објавено денеска нагласи дека тој лично смета дека тестирањето за новиот коронавирус е „преценето“, тврдејќи дека тоа довело до зголемување на потврдени случаи во САД.

„Тоа не прави да изгледаме лошо“, смета тој.

Способноста да се тестираат и изолираат пациенти кои се тестирани позитивни за коронавирусот, здравствените експерти сметаат дека е клучна за да можат безбедно да ја отворат економијата.

Додека зголеменото тестирање може да доведе до поголем број потврдени случаи, стапките на раст во Аризона, Јужна Каролина, Луизијана, Оклахома и Флорида во последните две недели не се припишуваат само на повеќе тестирања.

„Јас лично сметам дека тестирањето е преценето, иако сметав дека создадов најголема машина за тестирање во историјата“, изјави Трамп за Волстрит џурнал.

Тој, исто така, тврди, без докази, дека Кина можеби намерно дозволила вирусот да се шири надвор од нејзините граници за да ја оштети американската економија.

„Тие велат – во хаос сме. САД не убиваат. Заборавете, мојата економија во текот на минатата година и половина ги разнесуваше. А, причината се тарифите “.

„Мислам дека не би го сториле тоа“, додаде тој. „Но, никогаш не знаете. Но, тоа има влијание“.

На прашањето за заштитни маски за лице, кои тој ретко ги носи во јавноста и покрај препораката на ЦДЦ да го стори тоа, Трамп тврди дека луѓето се загрижени со нив и тоа ги прави со поголема веројатност да бидат заразени од вирусот.

„Тие го ставаат прстот на маската и ги симнуваат, а потоа започнуваат да ги допираат очите и да ги допираат носот и устата. И тогаш не знаат како се заразиле?“

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close