Трамп тврди дека Индија предложила да ги укине царините за американските производи
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа „Трут сошал“ (Truth Social) објави дека Индија предложила да ги намали до нула царините за американските производи.
– Тие понудија да ги намалат своите царини на нула, но е предоцна. Тоа требаше да го сторат пред години, објави Трамп.
Тој билатералните односи на САД со Индија ги оцени како „еднострани“.
Амбасадата на Индија во САД сè уште не ја коментираше објавата на Трамп.
САД воведоа вкупна царина од 50 проценти за индиските производи.