Трамп тврди дека Мадуро е заробен и изведен од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави извршиле „голем напад“ врз Венецуела, потврдувајќи ја ескалацијата на воените активности што утринава го потресоа Каракас и поширокиот регион.

Во своето обраќање, Трамп тврди дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен за време на операцијата и дека, заедно со неговата сопруга, бил изведен надвор од земјата. Американскиот претседател не соопшти детали за локацијата каде Мадуро е префрлен, ниту под кои услови е извршено неговото приведување.

Засега нема официјална потврда од венецуелските власти за овие тврдења, ниту независна потврда од меѓународни институции или медиуми. Претходно, владата во Каракас соопшти дека земјата е изложена на „американска воена агресија“ и прогласи состојба на надворешна закана, повикувајќи на целосна мобилизација.

Развојот на настаните дополнително ја зголеми неизвесноста во регионот и предизвика силни реакции на меѓународната сцена, при што повеќе држави и политички актери повикаа на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации и побараа разјаснување на фактите околу наводното апсење на венецуелскиот претседател.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close