Трамп во последен момент го откажа патувањето за Њу Џерси

 Американскиот претседател Доналд Трамп во последен момент го откажа патувањето за Њу Џерси , каде требаше да го помине викендот.

Неколку часови пред да замине од воената база „Ендрјус“, Белата куќа, без образложение, соопшти дека претседателот Трамп нема да патува во земјата каде што планираше да го помине викендот во својот голф клуб „Бедминстер“.

Во соопштението се наведува дека одлуката „нема врска“ со препораката за изолација што гувернерот на Њу Џерси ја даде за сите кои доаѓаат од сојузните држави каде што има зголемен број заразени со Ковид-19.

Гувернерите на Њу Џерси, Њујорк и Конектикат во средата најавија дека ќе воведат 14-дневен карантин за сите оние кои доаѓаат од американските држави каде расте бројот на заразени

Back to top button
Close